Михајлова влегла во спротивна лента, а не обратно – еве што вели вештачењето на македонското обвинителство

t

Инфомакс од извори од судењето против Ива Михајлова во Кочани дознава дека процесот бил практично пред самиот крај пред таа да се одлучи да побегне од правдата во Македонија.

Според нашите информации Михајлова спротивно на нејзините тврдења соогласно вештачењето на обвинителството навлегла во спротивната лента и учествувала во директен судар со возило во кое се возеле неколку лица од кои едно починало на лице место.

Михајлова во нејзините настапи по бугарските медиуми континуирано тврди дека возела соогласно законите и правилата и дека возило навлегло во нејзината лента. Вештакот кој сведочел во корист на одбраната го дели ова тврдење кое е спротивно со вештачењето на обвинителството.

Неофицијално судењето било пред самиот крај, а она што требало да следи е супервештачење со кое ќе треба да се потврди дали Михајлова влегла во спротивната лента или возило влегло во нејзината лента, но пред тоа да се случи Михајлова побегна од Македонија.

Нејзиното бегство само дополнително фрла сомнеж на нејзините тврдења дека е невина во цела постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами ги викна оџата и владиката, ќе…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…

Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…