Мицковизмот е рак-рана на македонското општество, уништувате човечки судбини, опструирате и за тоа земате паушали! Арсовска ги патосираше советниците и “шпицниот градоначалник” во десет минути!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната деветта вонредна седница на Советот на Градот Скопје нагласи дека одговорност за евентуално нереализираните проекти од програмата “За Модерно Скопје” ќе сносат и советниците и “шпицниот градоначалник” кој ги ветувал, а сега блокира реализација на проектите кои самиот ги промовирал.

Граѓаните се свесни дека градоначалникот не може без особрение од Советот да спроведе се сам, истакна Арсовска и нагласи дека секој еден проект кој е за доброто на граѓаните, без разлика дали е наследен од некое претходно раководство на градот ќе биде спроведен.

– Од прв ден кажав дека ниту еден проект кој е за доброто на граѓаните нема да се откаже и тоа вие господа мицковисти не можете да го разберете. Ако еден проект има недостатоци, ако тие се отклонат, истиот ќе се реализира ако е за доброто на граѓаните.

Не можете мислата да си ја задржите од седница до седница, но народот тоа го гледа. Правите сега да има проблем, за после тоа да зборувате дека има проблем за да зборувате дека ќе го решите и да изгледа дека решавате проблем кој сами сте го направиле. Јас не ве разбирам. Како сакате во исто време и да нема приватен превоз и да нема нови автобуси, како сакате да се заменат 250 нови автобуси? – праша Арсовска.

Градоначалничката истакна дека лично ќе ги сподели фотографиите каде Мицкоски одел од врата до врата со предизборната програма и ги ветувал проектите кои сега ги блокира.

– Програмата “За Модерно Скопје” секој еден од вас ја носеше од врата до врата, тоа вашиот лидер го предлагаше, тие проекти граѓаните ќе ги бараат и од мене но ќе ги бараат и од вас. Јас сликите со Мицкоски ќе ги вадам лично и персонално, да видат граѓаните дека тој ги ветувал овие работи. Шпицниот градоначалник одеше, сега отвора чешми наместо капитални проекти во Градот Скопје и мене ми е многу жал што е тоа така, но вие сами себе се саботирате, никој друг, рече Арсовска.

Таа открива дека претходен директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вработил 900 административци во ЈСП, партиски војници кои го оптеретуваат буџетот на претпријатието.

– Ваш градоначалник и ваш директор, ставил, напикал 900 вработени админстративци во ЈСП на кои двапати им е зголемена плата, тие се таму редовно вработени, овој директор сега бара начин ккао да им исплати плата и да вработи шофери. И сега вие се прашувате за што одат парите, па за вашите 900 административци, партиски војници вработени во ЈСП.

Тие не се шофери, не се технички персонал, не поправаат автобуси, вие сте ги вработиле тие 900 административци, не ги вработил овој директор тука ниту тој пред него. Не поставувајте прашања за кои не можете да дадете одговор. Ако треба еден по еден ќе ги вадиме кој кога е вработен, нагласи Арсовска.

Како што кажа градоначалничката, со негласањето на плановите за вработување во претпријатијата се уништуваат човечки судбини на луѓе кои се болни од рак, се лечат на Онкологија, а немаат здравствено осигурување затоа што не можат да бидат редовно вработени во претпријатието поради блокадите од советот.

– Со месеци не гласате план за вработување и после тука советниците од Левица прашуваат зошто луѓето не се редовно вработени. Затоа што не се гласа план за вработување, тоа се шофери, како тие лица да влезат во тој процес кога вие не ги одобрувате?

Ккао тоа вие не сте власт во Град Скопје? Вие имате претседател на Совет во Град Скопје, имате 500 претставници во управни и надзорни одбори кои земаат пари од овој град секој месец, како тоа не сте власт? Колку луѓе има кои вие сте ги гласале кои земаат пари од граѓаните? Ако сте опозиција зошто имате претседател на Совет, ако сте опозиција дајте им на луѓето во одборите да дадат оставки. Вашите управни одбори не гласаат да може да функционира ЈСП, луѓето таму се борат за живот, има луѓе таму немаат здравствено осигурување, болни се од канцер, се лечат на Онкологија, а не можат да си покријат основно здравствено осигурување…

И некој тука има образ да зборува… Да се срамите сите! Тој мицковизмот е рак рана на македонското општество, а ќе треба кога ќе дојдат следните избори ќе треба да дојдете тука заедно со мене да кажете што сте сработиле затоа што граѓаните многу добро знаат дека без вашите одлуки градоначалникот не може да спроведе. Ќе дојде денот кога ќе треба бесплатен јавен превоз да гласате, вие ветивте 250 автобуси, не ветив само јас, половина од вашите градоначалници сакаа да кажат дека тие ја работеле програмата, ако е ваша што не ја гласате програмата? – нагласи Арсовска која додаде дека власт во Градот Скопје е ВМРО-ДПМНЕ, а доколку не се чувствува така треба да ги отстрани членовите на управни и надзорни одбори и да дозволи заинтересирани луѓе да бидат избрани на конкурси, наместо со партиски лобирања.

– Вие сте власт во Град Скопје, вие сте причината зошто најголемиот дел од проектите кои досега ќе беа петпати реализирани, не се реализирани, вие сте причината затоа што со 1000 опструкции реализиравме 250 проекти наместо да реализираме 400 проекти затоа што ви се јавува шпицниот градоначалник да излезете од салата да не се гласа враќање на споменикот на Ќосето таму каде што припаѓа. Глумите лажен мицковистички патриотизам, вие сте причината затоа што во овој град на никој не му е подобро сега, затоа што јас како еден човек не можам да направам се што вие блокирате. И тоа им е на сите јасно, ако сакате да не сте власт кажете им на вашите 500 членови на управни и надзорни одбори да си дадат оставки и изберете ги независни и луѓе кои ќе се јават на конкурс. Не можете ем да земате паушали и надоместоци по одбори ем да кажувате дека не сте власт, наглси Арсовска.

Градоначалничката додаде и дека ќе следува кривична одоговорност за претседателот на Советот кој се потпишувал во име на отсутни советници на листите за присутни на седниците.

– А вие паушалите не сте ги земале затоа што сте сите свесни дека има основани сомненија дека вашиот претседател тука фалсификувал потписи и затоа што сакате да се заканувате со постапки, ќе покренеме и ние соодветна постапка, но ќе ви овозможиме да си ги земете паушалите. Но постапката за одговорност ќе ја покренеме, кривично ќе си одговара оној кој овозможил на друг да зема пари од градот Скопје со фалсификат.

Свесни сте, јасно ви е што се случува и многу ми е жал што после две години нема ни еден одгооврен политичар со ‘рбет тука не рече дека Мицкоски ме тера ова, ама јас нема тоа да го направам. Тој човек е ракот на ова општество, тој човек е ракот на Македонија.

Голема штета е за членството на ВМРО-ДПМНЕ што ваков човек ќе ве води низ сите постапки кои треба да следат, истакна Арсовска по што доби закана од страна на Трајко Славевски дека ќе добие тужба за клевета…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…

Петровска: Ќе седите дома, додека децата ни…

Вечерва немам намера да ви држам говори…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…