Мицкоски: Антимонот може да ја зголеми стратешката и економската важност на Македонија

t

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потенцијалните резерви на антимон во земјава би можеле да имаат значајно економско и стратешко значење за Македонија.

„Антимон е критичен и редок минерал, најчесто користен во воената индустрија. Секако, постојат и некои други примени, но генерално, кога зборуваме за антимон, зборуваме за воената индустрија“, вели Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Според него, реализацијата на проектот би можела да придонесе за зголемување на стратешката важност на земјата, но и за економски бенефити за граѓаните.

„Со завршувањето на овој проект ќе можеме да ја зголемиме важноста на мојата земја и истовремено да го зголемиме богатството на граѓаните и економскиот стандард“, наведува премиерот.

Мицкоски се повикува и на првичните извештаи за потенцијалните резерви, според кои тие би можеле да бидат значително поголеми од вкупните резерви со кои располагаат водечките два производители во светот.

„Според првите извештаи, резервите се многу поголеми од збирните резерви на денешните прв и втор продавач во светот“, вели Мицкоски.

Тој не прецизираше во објавата за кои конкретни проценети количини на антимон станува збор, ниту кога би започнала реализацијата на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…

Трамп постигна договор со Путин: Америка ќе…

Во неочекуван пресврт во американската енергетска политика,…