Мицкоски вели дека Лукровски мора да мирува, иако лекарската комисија оценила дека треба да оди на работа

t

Премиерот одговараше на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски. Иако лекарската комисија примила документација и оценила дека градоначалникот требало да се врати на своите работни обврски уште на 30 мај, тој сè уште не е на работното место. Ова отвори сомнежи во јавноста за можна злоупотреба на правото на боледување.

На прашањето дали ваквото отсуство претставува злоупотреба и како го коментира политичкиот контекст – дека граѓаните на Карпош на избори гласале за Лукровски да ја раководи општината, а не нејзиното водење да биде препуштено на член од Советот – премиерот одби директно да ги коментира медицинските наоди.

„Јас како што знам Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош, здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување и се надевам дека се ќе биде во ред и да се врати на редовно завршување на работите“, одговори премиерот.

Според Законот за локална самоуправа, граѓаните на непосредни избори го избираат градоначалникот како извршен орган кој ја менаџира општината. Кога градоначалникот е подолготрајно спречен да ги извршува своите функции (на пример, поради болест), неговите должности привремено ги презема заменик градоначалникот.

Лекарските комисии при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се единствените надлежни тела за одобрување, продолжување и евалуација на боледувањата кои траат подолго од 15 дена. Доколку осигуреникот (во случајов градоначалникот) не се врати на работа по истекот на датумот одреден од комисијата (30 мај), работодавачот или други надлежни државни институции имаат право да побараат вонредна контрола и да покренат постапка за утврдување на евентуална злоупотреба на системот за здравствена заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…