Мицкоски: Владата ги следи цените на нафтата

t

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто и продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниедна држава во Европа, директно од буџетот намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти.

– Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следува ќе интервенираме – нагласи Мицкоски.

Во однос на податоците на Државниот завод за статистика за зголемувањето на платите во јануари и дали подобро се живее, тој нагласи дека секогаш треба повеќе и оти Владата се труди да има помали трошоци, а повисоки примања за вработените.

– Апсолутно, секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во јануари, она што го објави Статистика. Дали е тоа доволно? Не, секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да има што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет и така се однесувавме до сега. Така ќе се однесуваме и во иднина – изјави премиерот.

Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените на храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен и доколку забележат „непазарно однесување“, ќе дејствуваат.

– Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека разни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално, онаму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување, ќе дејствуваме како Влада – истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата ги следи цените на нафтата

Владата ја следи состојбата со цените на…

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи…

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи…

Зеленски: Европските земји да ја блокираат и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика европските…

Турски танкер полн со нафта погоден од…

Турски танкер со товар од сурова нафта…

Владата бара ЗНМ и ССНМ јавно да…

Владата преку соопштение до јавноста побара од…