Мицкоски: Владата има мандат, но ако сме предизвикани на предвремени избори подготвени сме да одговориме
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата.
-Опозицијата е оптеретна бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени сме да одговориме на тој предизвик, посочи Мицкоски.
Во однос на распишувањето на локалните избори за Општина Брвеница по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, Мицкоски истакна дека владата го донела заклучокот кој е испратен во парламентот. Се очекува до крајот на месецот Собранието да започне постапка за распишување на локалните избори за оваа општина. Изборите најверојатно ќе се одржат во октомври месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…
Во Дубаи полицијата доби Ламборџини за службени…
Полицијата во Дубаи ја прошири својата позната…
Во Португалија протести поради трошоците за живот…
Неколку движења за правата на станарите и…
Уапсени маж и жена од Кочани, во…
МВР информира дека се лишени двајца сопружници…
Над 400 оброци за граѓаните на кои…
По повод Светскиот ден на борба против…