Мицкоски во Вашингтон: Македонија го зајакнува стратешкото партнерство со САД
Премиерот Христијан Мицкоски ја продолжува посетата на Вашингтон, каде што остварува средби со американски претставници во период на сериозни геополитички потреси и промени во односите меѓу САД и Европа.
Мицкоски се сретна со американските конгресмени Клаудиа Тени и Кит Селф, а според информациите од македонска страна, една од централните теми било значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.
Посетата доаѓа во период кога Вашингтон повторно го зголемува дипломатското и безбедносното внимание кон Европа, додека војната во Украина, кризата на Блискиот Исток и односите со Русија и Кина ја менуваат глобалната безбедносна архитектура.
Паралелно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски имал средба со американски претставници на која била истакната подготвеноста за дополнително продлабочување на билатералната соработка.
За Македонија американското партнерство има дополнително значење и поради членството во НАТО, инвестициите и долгогодишната американска поддршка на евроатлантската интеграција на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…