Мицкоски ги затоплува односите: Срдечен поздрав до Али Ахмети
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Брвеница го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
За време на посетата на Брвеница, додека граѓанин го снимаше, Мицкоски му кажа да го поздрави Али.
По денешната посета Мицкоски на социјалните мрежи објави:
Денеска бев во посета на Општина Брвеница, при што присуствував на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“, во село Брвеница. Присуствував и на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Би сакал да се заблагодарам на посветената работа што ја прави градоначалникот во Општина Брвеница. Неговата работа навистина е инспиративна. Повеќе од 90-тина проценти од програмата којашто беше зацртана е исполнета.
Ние како Влада, во рамките на проектот за финансирање на општините, поддржуваме проекти коишто ги изработи Општина Брвеница и тоа се проекти коишто се проекти за сите граѓани, во сите населени места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…
Мицкоски ги отвори првите 20 километри од…
Премиерот вели дека следната година ќе биде…
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…