Мицкоски ги испрати пратениците од СДСМ на лекарски прегледи
Одговарајќи на прашање од својот сопартиец Бојан Стојаноски, во врска со обвинувањата од СДСМ, вклучително и темата околу интервјуто на Томас Вајц, Мицкоски изјави дека опозицијата се обидува „да остане во живот“ преку, како што рече, лажење.
Тоа го прават преку лажење, па кој поверува – поверува. Тоа говори за длабоката психолошка состојба во која се наоѓаат. Загрижен сум за здравствената состојба на поединци од актуелното раководство на СДСМ, изјави Мицкоски, додавајќи дека можеби треба да се размислува и за лекарско уверение како услов за политичко ангажирање.
Тој оцени дека јавноста е сведок на кампања и речник што, според него, не ѝ прилега на политичката сцена, потенцирајќи дека Македонија е „држава за пример во регионот“.
Од СДСМ возвратија со остар тон, обвинувајќи го премиерот за недолично однесување и навредлив речник.
Мицкоски повторно покажа каков е – безобразен уличар и шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој се служи со ниски провокации и лични напади, наведуваат од партијата.
Од таму додаваат дека не се загрижени за неговото здравје, туку за „здравјето на државата“, за кое сметаат дека се нарушува од актуелната власт.
Ова е речник недостоен за функцијата премиер – безобразен и примитивен. Доста е од вакви навреди и лични дискредитации, порачуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…