Мицкоски ги отфрли тврдењата за интервенции врз говорот на Меланија Трамп

t

„Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД, пред таа да го каже во јавноста, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?“

Вака вели премиерот Христијан Мицкоски запрашан да ги коментира наводите во грчки медиуми дека грчки дипломати спречиле Меланија Трамп да ја именува нашата земја како Македонија, по што таа во говорот го употребила името „Северна Македонија“.

– Го читав тој напис во медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека се дипломатски извори. Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД, пред таа да го каже во јавноста, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш САД имаат сериозен проблем во безбедносниот протокол – вели Мицкоски.

Според грчки ТВ Стар, Прототема и други грчки медиуми реакцијата дошла од грчкиот амбасадор во САД, Андонис Александридис кој „навреме реагирал да се користи терминот Северна Македонија“.

Мицкоски вели дека е невозможно дипломат да дојде до припремениот говор на првата дама.

– А тоа што, претпоставувам, некој од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како дипломатски успех, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу е тешко, да не речам, невозможно, некој надворешен да дојде до говорот на првата дама на САД, пред таа да ѝ го соопшти на јавноста. Така што, тие што го смислиле ова, мислам дека направиле неуспешна играна серија – рече Мицкоски.

Веста прв ја објави грчки ТВ Стар со видеоприлог од обраќање на Меланија. Претходно, медиуми како Грик Рипортер објавија дека Меланија веќе го искористила името Македонија во говорот со што предизвикала чувствителни реакции кај грчката страна.

Глобалниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ беше организиран од Меланија и ги собра првите дами од многу држави во светот. Меѓу нив се најде и сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Со секое заминување се прекинува нишка во…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…

27-годишник од Македонија убиен во Берлин

Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…

Латвија планира да воведе царина од 300…

Владата на Латвија планира да воведе царина…

Путин постави рок за освојување на Доњецк…

Кремљ поставил нов рок до кој руските…

Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…

Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…