Мицкоски: Ги украле парите за канализација Зајас-Другово, Владата ветува дека сега проектот ќе се финансира од државниот буџет

t

„Зајас има јавно осветлување, но нема канализација, бидејќи ги украле парите за канализацијата со криминален проект“, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кичево. И покрај тоа што средствата од ИПА фондовите за канализациската мрежа од Зајас до Другово повеќе ги нема, тој вети дека ќе се одвојат други средства од буџетот за да се заврши овој проект.

„Тоа беше криминален проект и ова го кажувам со целосна одговорност, компанија која во меѓувреме банкротирала со непознати извори на банкарска гаранција потпишана од претходната влада. Да бидам подиректен, најголемиот дел каде што имавме критики од страна на Комисијата, бидејќи е дел од ИПА програмата, а сега веќе не е, е избришан поради тоа што го направила претходната влада, но ние како влада го разгледавме целиот процес и продолжуваме со реализацијата“, вели премиерот Мицкоски.

Имавме големи проблеми, но сега ги надминавме, изјави заменик-министерката за животна средина Ане Лешкоска, која потсети дека документацијата за овој проект ќе заврши следната недела.

„Овој проект ќе се реализира со средства од буџетот на Владата преку Министерството за екологија и ќе започне од длабока фаза на реализација до крајот на 2026 година“, изјави Ане Лешкоска, заменик-министерка за животна средина.

Мицкоски: „Со други зборови, го изгубиле грантот и сега наместо буџетските пари да ги финансираме за други проекти, ќе треба да ги користиме за оние што веќе имале грант.“

„За жал, мислејќи дека ги имаме тие средства, во меѓувреме поради несериозноста на претходната влада ги изгубивме средствата“, изјави Александар Јовановски, градоначалник на општината.

За канализациската мрежа од Зајас до Другово во Кичево биле одвоени 19 милиони евра средства добиени од ИПА фондовите, од кои според информациите, 3 милиони биле искористени, додека над 15 милиони биле повлечени од финансиерите на проектот ИПАРД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од 250 евра за родители чии…

Се работи на законските измени со кои…

Филипче има бизнис интереси во Бугарија затоа…

Повеќе од јасно е дека раководството на…

Мицкоски: Ги украле парите за канализација Зајас-Другово,…

„Зајас има јавно осветлување, но нема канализација,…

Ќе има рестрикции и за тротинетите, полицијата…

За тоа дали во текот на летниот…

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални…

Управата за јавни приходи продолжува со засилени…