Мицкоски: Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ смета дека рудникот за антимон е стратешки проект кој ќе донесе голем економски бенефит
Не можеме да го оспориме правото на референдум кое го бара СДСМ за рудникот за антимон во Крива Паланка, вели премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање по реакцијата на опозициската партија од каде нагласија дека ќе бараат локален референдум и исполување на стриктни услови за отворање на рудникот.
– Правото да побара секој референдум е уставно загарантирани и ние не можеме да спориме, она што мене ме зачудува е фактот дека граодначалникот на Крива Паланка од СДСМ има спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ. Јас и денес комуницирав со него, неговиот став е сосема спротивен. Овој проект е дел од стратешкото партнерство со САД, финансиран делумно од САД, мора да ги исполнува условите и за тоа лично гарантирам, а гарантираат и инвеститорите. Градоначалникот мисли дека овој проект е стратешки за државата и локалното население, посебно имајќи фо предвид економскиот бенефит за тој крај кој е типично рударски, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Светот се бори за бакар, Македонија има…
Падот на индустриското производство и намалувањето на…
СДСМ го нападна Митовски: Да не се…
Народот на Крива Паланка треба да се…
Мицкоски: Градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ…
Не можеме да го оспориме правото на…
СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со…
СДСМ бара за најавата за отворање рудник…