Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да помине и нема да има уставни измени
На обраќањето на собраниската седница за избор на нова Влада, Христијан Мицкоски, мандатар и лидер на ВМРО-ДПМНЕ рече „нападите кои ги слушам овие два дена генерално се сведуваат на две тези, прва е Преспанскиот договор и името, втора е Францускиот предлог и преговарачката рамка“.
-Тезата дека Преспанскиот договор сме викале една работа, сме правеле друга работа не само што е лажна и е срамна туку еве уште еднашка да ви појаснам ваков бугарски диктат под вакви околности додека сум јас премиер нема да помине и нема да има уставни измени, треба тоа да ви е јасно. Направивте грешка, таа грешка ќе го чини секој еден граѓанин во Македонија многу но најмногу ќе ја чини Македонија, зошто? Затоа што тогаш пред да влегувате во такви авантури требаше да седнете како што јас ви подавам вам рака требаше вие нам да ни подадете рака. Требаше да седнеме да разговараме тогаш ќе ви беше јасно дека таа работа е едноставно така како што вие или некој друг ја замислил едноставно не врви, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за нова Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…