Мицкоски е продолжена рака на Зоран Заев, велат од ДУИ
Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, велат од ДУИ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ го штити Груевски.
-Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти.
Сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.
Сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека Мицкоски го интересираат само бизнисот и неговите деловни партнери и дека намерно го оставил во кал целото поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што и самиот го потврди.
Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…