Мицкоски: Жителите на Пустец се лојални граѓани на Албанија, кои ги почитуваат своите корени

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин Ќафасан порача дека македонското население во Пустец и околината се лојални граѓани на Република Албанија, кои истовремено ги негуваат своите национални корени и врски со својата татковина.

Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ дека на настан во Пустец не била интонирана албанската химна, Мицкоски истакна дека настанот не бил проследен до крај и вети оти ќе достави видео снимки како се интонира албанската химна на тој настан.

– Што се однесува до интонирањето на албанската химна, претпоставувам не сте го гледале настанот до крај. И после овој настан ќе ви доставам видео како се интонира албанската химна на настанот во Пустец. Но, денеска сме тука за еден друг настан кој што е уште еден доказ за добрососедските односи и непосредните односи кои што ги имаат двете држави, подвлече Мицкоски.

За населението во Пустец, нагласи, дека тоа се мирни луѓе, домаќини кои што ја почитуваат земјата во која што се родиле, во која што ги создале своите семејства, во која што се образувале, но исто така сакаат да ги негуваат корените и со својата татковина Македонија.

– Македонија е мултиетничка земја, во која што исто така Албанците кои што се родени во Македонија, со сите свои традиција, обичаи, вклучително и овој прекрасен ден кога го славиме Денот на албанската азбука, исто така негува блиски и непосредни односи со Албанија. И тоа е убавината помеѓу добрососедските односи помеѓу двете земји, истакна премиерор Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Жителите на Пустец се лојални граѓани…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин…

Бојко Борисов: Бугарија полека се лизга кон…

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ги обвини…

Мицкоски – Рама: Продолжуваме да градиме односи…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари тет-а-тет средба…

Рама одби да се меша во случајот…

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Македонија…

Расправија за крави завршила со тешки повреди:…

Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село…