Мицкоски за најавите за протест на земјоделците: Ќе направиме се за да помогнеме
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за став околу најавите на земјоделците од струмичко за протести истакна дека нивните барања се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.
„Јас апсолутно сакам да кажам дека како влада ги подржуваме земјоделците и нивните барања и тука нема никаква дилема. Затоа што тие се луѓето коишто не хранат и во оваа година која што е исклучително предизвикувачка кога во неформални кругови се користи терминот, оваа година „треба да се преживее“, ценам дека барањата на земјоделците се легитимни и ние како влада преку механизмите коишто ни стојат на располагање ќе сториме се што можеме за да помогнеме, што впрочем и го покажавме уште кога бевме избрани како влада“, истакна Мицкоски.
Тој исто така се осврна и на тоа што досега оваа влада го направила во насока на обезбедување подобри услови за земјоделците имајќи ја во предвид катастрофалната состојба која ја остави минатата власт во овој сектор.
„Ќе ве потсетам, нема добра реколта без исчистени канали за наводнување и без полни акумулации што беше случајот сега. Еве денеска добив информација дека во принцип водостојот на акумулациите и на реките е најнизок околу Голема Богородица, а нашите акумулации се некаде околу 60%. Значи завршува сезоната на наводнување, некаде околу 60% се полни. Ќе ве потсетам, 23 јуни кога оваа влада беше избрана процентот во акумулациите беше 7. Тоа не беа акумулации, беа мочуришта. Таа е разликата од прилика што направивме ние за да имаме поголема реколта и што правиме ние за земјоделците“, нагласи Мицкоски.
Тој упати и критики до претставниците од претходната власт кои иако ги уништија и доведоа на питачки стап земјоделците, денеска излегуваат без трошка срам во таканаречена одбрана на истите и мислат дека народот им верува.
„Второ, се сеќавам на тие први владини седници кога се разговараше за две државни компании коишто беа во една прилично предизвикувачка состојба односно неколку месеци на вработените не им беа исплатени плати. Тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Кога зборам неколку, 3-4 месеци не им беа исплатени платите. Исто така се сеќавам тогаш министерот за земјоделство шумарство и водостопанство реферираше дека не беа исплатени субвенции од 2020-та. Во јуни 2024-та не беа исплатени субвенции од 2020-та. И денеска како да имаат амнезија од опозицијата, сето ова го забораваат, ама ај тие што мислат дека го забораваат, тие мислат и дека народот им верува и без нималку срам излегуваат во јавност и се ставаат во таканаречена одбрана на земјоделците. Овие истите што ги уништија, буквално што ги доведоа на питачки стап земјоделците денеска без срам ги гледаме снимаат по некое рилсче, страв им е да се соочат бидејќи можат да добијат непријатни прашања. Со камерата се снимаат и тоа го објавуваат и мислат дека на тој начин ќе добијат некаква поддршка, а притоа забораваат дека нивната репутација е нула, а кредибилитетот е негативен“ подвлече Мицкоски и додаде:
„Да сумирам, земјоделците ја имаат апсолутно нашата поддршка, вистинските земјоделци се наши партнери и ние продолжуваме да бидеме како влада вистински партнери на вистинските земјоделци“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за најавите за протест на земјоделците:…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско…
Грција ќе донесе 5.000 египетски земјоделски работници…
Бидејќи недостигот на работна сила во земјоделскиот…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Грчките земјоделци ги прекинуваат блокадите
До петок се очекува повеќето, ако не…
Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе…
По вчерашната средба со грчкиот премиер Киријакос…