Мицкоски за обвинителите и судиите: Не се мрдаат, не можеме со кран да ги поместиме

t

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во јавна изјава го коментираше процесот на јавна расправа околу работата на обвинителството и судството, истакнувајќи дека некои поединци во системот се „грдно зафатени со позициите“ и дека не можат да се поместат ниту со кран.

„А ние сега треба да водиме јавна дебата со поединци, не со мнозинство на обвинители и судии. Неколкумина седат на фотељите, грчевито се борат да останат таму. Малку им се трилјади, сакаат плата од пет илјади евра месечно, а во исто време долу, пациентите се борат за живот. Овие луѓе ќе ги фалиме за Гинис затоа што се хумани, а другите се борат за поголем буџет во држава каде што просечната плата е 750 евра,“ рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека јавната дебата треба да се одвива во контекст на правниот процес и дека Владата нема намера да влијае на независноста на судството. „Сега дојдовме до констатацијата, а следно е да го најдеме точниот пат за правниот процес, за да не останат дилеми и да нема повторни извештаи кои ќе изнесат погрешни заклучоци за Владата,“ нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека целта е да се обезбеди транспарентен процес и фер судење, додека се одвојува вниманието од поединци кои, според него, „грдно се борат за своите позиции и лични интереси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…