Мицкоски за пожарите во Дрисла и Вардариште: Воздухот во Скопје само изгледа загадено, ама загаден не е
Христијан Мицкоски денеска рече дека воздухот кој го дишат скопјани иако изгледа загадено, мерењата не покажуваат зголемени токсични вредности.
Од вчера попладне, воздухот во Скопје силно мириса на изгорена гума откако се запали депонијата „Дрисла“, а граѓани споделуваат фотографии од кои се гледа дека густ чад има над градот. Пожарот што избувна вчера во 15:15 часот сè уште е активен и бидејќи не можеше да се изгаси со вода почна да се затрупува со земја. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, кажа Центарот за уравување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
„Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави“, рече Мицкоски.
Покрај Дрисла веќе подолг период континуирано гори и Вардариште, за што граѓаните на Аеродром секојдневно протестираат со блокади на булеварот Киро Глигоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за пожарите во Дрисла и Вардариште:…
Христијан Мицкоски денеска рече дека воздухот кој…
Мицкоски: Загадувањето од Вардариште е само визуелно,…
Депонијата Вардариште, со денови ги труе скопјани.…
Мециновиќ: Вардариште не може да биде парк,…
Вардариште не може да биде парк, ниту…
Забрана за движење во Вардариште – Главниот…
Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат…
Шукова уште еднаш го повика Ѓорѓиевски на…
По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи…