Мециновиќ: Вардариште не може да биде парк, ниту простор за прошетки – Тоа е депонија што повеќе од половина век труе и загадува

t

Вардариште не може да биде парк, ниту простор за прошетки. Тоа е депонија што повеќе од половина век труе и загадува. – пишува во фејсбук објавата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ

Почетоци: 1970 – почнува истовар на отпад на местото ископано за песок по земјотресот во ’63.

1980 – официјално оформена депонија, оградена, заедно со цевки за метан.

2017 – прогласена за затворена, иако до ден-денес се користи како претоварна станица за отпад. Во тој момент, дел од отпадот е пренесен во регионалната депонија Јакимово.

Проблемот:

Земјата и подземните води се длабински контаминирани.

Се вршат неконтролирани палења од луѓе на маргините на општеството.

Во Скопје единствено ЈП кое има право да собира и депонира отпад е КХС, а единствената легална депонија на територијата на Скопје е Дрисла. Моментално Вардариште се користи како претоварна станица за отпад при транспорт на отпад со камиони со помал волумен. Доколку депонијата Вардариште е затворена, тогаш таа не треба да се користи како претоварна станица.

ЛАЖНО РЕШЕНИЕ: да се направи парк.

Не е хумано деца и луѓе да шетаат по отровен терен. Експертите велат: колку траела депонијата, толку треба да трае и деконтаминацијата.

✅ РЕШЕНИЕТО НА ЛЕВИЦА:

1. Забрана за пристап.

2. Сите остатоци од отпад веднаш во официјални регионални депонии.

3. Позеленувањето да биде долгорочно и да гледаме неколку децении нанапред.

4. Техничка анализа за можна биогасна централа до 1MW – метанот од Вардариште да стане струја за улично осветлување.

5. Целоно анализирање и спроведување на студиските технички согледувања на студијата за Вардариште изработена во 2014 година.

6. Изработка на студија за можноста на Вардариште да се изгради затворен фабрички центар за рециклирање на отпад.

Вардариште е тест за одговорноста на институциите, но и на сите нас кои не смееме да им довериме мандат на оние кои веќе имале мал милион можности да постапат во интерес на здравјето на скопјани. – пишува Мециновиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе…

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје…

По три години затвор за тројцата скопјани…

Тројцата скопјани кои беа обвинети дека создале…

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно…

Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла,…

Народниот правобранител: Решенија за достоинствено домување –…

Народниот правобранител побара институциите да се откажат…

Левица: Лажните ветувања за Вардариште се повторуваат…

Левица – Гази Баба испратија сооптение со…