Мицкоски за пресудата во „Талир“ во кој се бараше конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ: Конечно, правдата е задоволена

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“.

-Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон и еден вид агресија би рекол од страна на претходната влада, измислија случаи што не постојат Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е во согласност во правдата и сето она кое претставува очекување на граѓаните. Што се однесува на лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можв да го прочитам, можам да заклучам дека станува збор за последница од законските измени на Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски.

Премиерот додава дека како резултат на тие законски измени, многу политички амнестии имало, но и ќе следат.

-За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка потоа станува правило и ве следи, рече Мицкоски.

Основниот кривичен суд Скопје вчера донесе ослободителна пресуда за обвинетиот Н.Г. во предметот познат во јавноста како „Талир“, оценувајќи дека обвинителството не успеало надвор од разумно сомнение да докаже дека е сторено кривичното дело за кое се водеше постапката по измените на Кривичниот законик.

Судот наведува дека по измените на Кривичниот законик од 2023 година суштински се промениле елементите на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а обвинителството го изменило обвинението без да понуди нови докази кои би ги поткрепиле новите законски елементи. Судот истакна дека доказите останале исти како и во претходната постапка, но дека тие не можат да го потврдат изменетото обвинение, особено во делот на наводното пречекорување на службените овластувања, неизвршувањето на службената должност и постоењето намера како задолжителен елемент на делото.

Во соопштението Судот нагласува дека ослободителната пресуда е „исклучиво резултат на донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во 2023 година“, додавајќи дека токму овие законски измени довеле до укинување на претходната првостепена пресуда, што било констатирано и од Апелациониот суд.

Судот потенцира дека останал конзистентен во анализата на доказите и утврдените факти, но дека поради изменетото законско битие на делото, со истите докази не можело да се докаже новото обвинение.

Случајот „Талир“ со години беше еден од најекспонираните судски предмети поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Иако во оваа постапка политичката партија не беше обвинета, обвинителството бараше конфискација на нејзиниот имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за пресудата во „Талир“ во кој…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско…

Зајкова: Електронското гласање мора да важи за…

„Мене малку сѐ ова ми наликува на…

Османи до ВЛЕН: Не можете да го…

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на…

Истрага против поранешен директор на СОЗР –…

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното…

Началникот на германската армија во посета на…

Висока делегација на Вооружените сили на Германија,…