Мицкоски за провокациите кон Јаневска во Тетово: Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му

t

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека новинарот кој упати провокација до министерката за образование и наука Весна Јаневска не заслужува да биде коментиран. Прашан за негов коментар, вели дека не сака да биде дел од таа естрада и тој циркуз.

„Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку влезете во таа естрада“, рече Мицкоски.

Вчера, во посета на Тетово, новинар ја праша министерката Јаневска дали има со себе преведувач, додавајќи дека претходно и било кажано дека кога ќе оди во Тетово, треба да има преведувач со себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…

Ова е сликата и светот низ кои…