Мицкоски за „Чебрен и Галиште“: Ќе биде одличен резервоар на енергија и значаен проект за Македонија и региоонот
„Чебрен и Галиште“, тоа е проект кој што со децении го зборуваме, бараме партнер и т.н, сега мислем дека е вистинско време кога државата треба да направи похрабар чекор и таа да биде инвеститор на овој проект. Ценам дека имаме финансиски институции кои што сакаат да го финансираат овој проект, една од нив е и DFC, американската, која што има финансико портфолио над 220 милијарди долалри во овој момент, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Разговаравме со Карлајн Викт која што е одговорна во рамките на DFC за развојни проекти. Тие веќе се присутни преку развоен грант „Крстов дол“, односно рудникот за Антимон, со 5 милиони долалри. Очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Спрема нашите пресметки и физибилити студиите кои што се абдејтирани. Внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена, нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе Влади, тоа не е проект што една Влада ќе го започне и ќе го заврши, појасни Мицкоски и додаде:
„Со реализирањето на овој проект имаме мултислоен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија, понатаму, имајќи го предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини на вода, кои што сега ги немаме, кои што можат да се користат за повеќе намени, меѓудругото и за наводнување на тиквешко поле, односно обезбедување на дополнителни количини на вода за наводнување на поседите, на фармерите кои што произведуваат производи“.
Тоа е проект кој што ќе биде значаен, не само за иднината на Македонија туку и за регионот во целост, заклучи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…