Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека партијата е подготвена за избори во секој момент, но нема да биде „алиби“ за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче оцени дека власта нема резултати во клучните области и дека токму тоа, според него, е причината поради која Мицкоски сака да оди на избори.

„Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче.

Тој обвини дека економијата, образованието, земјоделството и социјалата се соочуваат со проблеми, а граѓаните и компаниите ги чувствуваат последиците од, како што рече, лошото управување.

„Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна лидерот на СДСМ.

Според Филипче, компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, а се забележува и пад на странските инвестиции и индустриското производство.

„Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече тој.

Филипче повтори дека СДСМ е подготвен за избори „уште утре“, со тим, програма и најавениот Мастер план за Македонија.

„Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември“, порача Филипче.

Тој посочи дека владејачкото мнозинство има двотретинско мнозинство во Собранието и дека Мицкоски може да распише избори без поддршка од СДСМ.

„Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Не навлегуваме во таа игранка“, рече Филипче.

Тој најави дека Мастер планот за Македонија ќе се темели на шест јасно дефинирани точки, кои, како што рече, треба да ги понудат решенијата за иднината на државата, зајакнувањето на системот и подобар животен стандард.

„Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…