Мицкоски: Инфлацијата е два пати помала од кризата од пред четири години

t

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека не се избрзува со ребалансот на буџетот и за „Локално“ изјави дека не сака да ги коментира ставовите на економистите и дека министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска проекциите за инфлацијата ги прави на нереални предвидувања за очекуваниот раст на економијата.

-Она кое што јас го знам е дека е вообичаена процедура е во јуни да отпочнат процедурите и таму некаде околу јули да се донесе ребалансот на буџетот. Така беше и претходните две години. До крајот на годината ќе имаме уште една конечна прераспределба на буџетот некаде ноември декември и тоа е вообичаена процедуура која што трае, изјави Мицкоски.

На забелешките од поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини дека се тргнало погрешно поради преоптимистичките предвидувања за стапките на раст на економијата и дека очекува инфлацијата да биде многу поголема од 4,5 проценти, премиерот одговори дека поради мерките кои ги презеле инфлацијата годинава е за два пати помала од пред четри години, кога исто така имаше кризна состојба.

-Што се однесува до инфлацијата може да забележите дека секаде во светот инфлацијата се зголемува. Но, она што кај нас е важно е ако ја споредиме денешната состојба со состојбата во 2022 година во истиот период се случуваат кризите месеците март април и мај. Тогаш ќе забележите дека тогаш е два пати поголема од сега. И тоа е успехот на справување со криза и кризни мерки, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ако сега инфлацијата е поголема од пред четри години, ќе може да се рече дека Владата е неуспешна.

-Мора да споредиме споредливи работи. Ако ги споредиме март април и мај во 2022 година со истиот период сега, а при тоа сите светски релевантни екесперти со должна почит кон овие експерти кои вие ги цитиравте, ќе ви кажат дека оваа енергетска криза е поголема од таа во 2022 година и оние две енергетски кризи од седумдесеттите години на минатиот век заедно, изјави Мицкоски.

Според премиерот со мерките кои ги презеле успеале  да има двојно помала инфлација од тоа што имало во време на минатата влада дури и во вакви предизвикувачки услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…