Мицкоски и Филипче на средба во Влада
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата.
Средбата се очекува да е во 14 часот.
„Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.
Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на Мицкоски неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Инаку, ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на функциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…