Мицкоски местел тендери: Алијанса го фатила со рацете во медот – ова е причината за кавгата

t

Алијанса за Албанците го фати Мицкоски “со рачињата во медот” во врска со спорната набавка на системот за биометриска идентификација на гласачите кој, ккао штпо велат од Алијанса, никогаш не профункционирал. Обелоденувањето на тој скандал, според нив е единствената причина за нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон Алијанса за Албанците.

– Алијанса за Албанците го фати Мицкоски на дело, ова е единствената причина за нападите на ВМРО.
Неодамнешните клевети и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски кон Алијанса за Албанците, немаат друг мотив освен одмазда, откако Алијансата за Албанците го обелодени коруптивниот скандал на јавен тендер вреден 12 милиони евра од Мицкоски.
Станува збор за навредлива набавка на систем за биометриска идентификација на гласачите кој никогаш не профункционирал и кој Кренар Лога, членот на ДИК во тој период, предложен за министер за правда, го откри и го обвини до Антикорупциската комисија и до органите на правдата.
Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната ревизија веќе отворија предмет за овој коруптивен случај на партијата на Мицкоски, а информирани се и амбасадите во земјава.

За деталите за овој скандал ви го испраќаме документот и видеото од дискусиите во КШЗ каде беше осудуван скандалот. – велат од Алијанса за Албанците од каде објавија и видеа од седници на Државната изборна комисија каде нивниот член, Кренар Лога го образложува скандалот.

Од Алијанса за Албанците го објавија и дописот од ДКСК испратен до Државната изборна комисија во врска со овој случај.

ЛИНК од објавата на Алијанса за Албанците

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управен оформи предмети за седум тужби на…

По поднесени седум тужби од страна на…

ВЛЕН ја повлече тужбата пред Управниот суд…

Коалицијата ВРЕДИ ја повлече тужбата пред Управниот…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

Европскиот фронт ја обжали одлуката за прегласување…

Европски фронт ја обжали одлуката на ДИК…