Мицкоски: Меѓународните договори треба да се почитуваат, тоа е двонасочна улица
Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица, изјави мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на препораките од САД и Франција да се почитуваат меѓународните договори.
-Договорот е договор помеѓу најмалку две страни, и треба и двете страни да го почитуваат. Ако конкретно мислите на Преспанскиот договор, и ние како идна влада го почитуваме во детали, се што е дел од нашето законодавство, во Устав, се почитува во детали, и тука не треба да има никој никаква дилема. Но истовремено очекувам и вториот потписник, а тоа е нашиот јужен сосед, да ги почитува. Креиравме документ колку е имплементрирано од наша страна, а колку е имплементирано од грчка страна, и планираме да го запознаеме секој оној којшто е љубопитен да знае колку двете страни го почитуваат билатералниот меѓународен договор, вели Мицкоски.
Вели дека очекува сите наши стратешки партнери кои се дел од тие договори ќе ги почитуваат онака што како и ние како држава ги почитуваме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…