Мицкоски најави вакви настани секоја година: Над 200.000 граѓани биле дел од прославата, Македонија достоинствено ја одбележа независноста

t

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за средствата потрошени за одбележувањето на 35-годишнината од независноста и настапот на светскиот диџеј Дејвид Гета, оценувајќи дека прославата била успешна и дека во текот на еден месец на настаните присуствувале повеќе од 200.000 граѓани.

„Ја следам оваа естрада која ја прави опозицијата. Мислам дека единствени кои не се задоволни од прославата за 35-годишнината се тие. Траеше еден месец и помина прекрасно. Станува збор за повеќе од 200.000 граѓани кои биле дел од неа. Цениме дека Македонија достоинствено одбележа“, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за критиките од СДСМ околу настапот на Дејвид Гета и потрошените средства, Мицкоски се повика и на интересот што го предизвикала објавата на светски познатиот диџеј.

„Тоа што видеото за 14 часа има над милион прегледи кажува колку настапот му значел и нему“, рече Мицкоски.

Премиерот потоа упати обвинувања кон претходната власт и ДУИ, поврзувајќи го начинот на кој порано се трошеле средствата на Државна лотарија со случаите за кои се водат постапки.

„Можам да кажам дека тие кои очајуваат, на времето парите ги трошеа во приватните џебови на Перпарим и останатите, а ние вишокот пари ги враќаме кај граѓаните, кај уметниците. Не сме исти, се согласувам со опозицијата“, изјави Мицкоски.

Тој продолжи со тврдењето дека резервите и добивката на Државна лотарија во минатото завршувале во приватни џебови, за што директно ги обвини СДСМ и ДУИ.

„Резервите и добивката од Лотарија, тие со ДУИ ги враќаа во приватни џебови“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека Владата и во иднина ќе поддржува ваков тип настани, како и културни и спортски иницијативи.

„Оваа Влада секоја година ќе подготвува вакви настани, ќе поддржува културни и спортски иницијативи. Цениме дека тоа е улогата на општествено одговорна компанија како што е Државна лотарија, а тоа е регулирано и со новиот Закон за игри на среќа“, рече Мицкоски.

СДСМ изминатиов период ја критикува Владата за финансирањето на прославата на 35-годишнината од независноста, а особено за средствата поврзани со настапот на Дејвид Гета. Од власта, пак, тврдат дека средствата се обезбедени преку Државна лотарија и општествено одговорни компании и дека биле наменети за повеќе настани во рамките на одбележувањето, а не само за настапот на Гета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави вакви настани секоја година: Над…

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на…

Песков: Русија очекува трилатерален состанок со САД…

Русија очекува трилатерален состанок со САД и…

(Видео) Граѓаните масовно доаѓаат да го потпишат…

Голем број граѓани се собраа утрово во…

Училиштето се прости од Михаел, кој трагично…

Со длабока тага, средното училиште „Здравко Цветковски“…

Македонците знаат нешто што не знаат Австријците:…

Гугл го гради својот прв центар за…