Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција
На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Како што рече, изборот е работа на СДСМ и членството и дека ќе ја почитуваат нивната одлука затоа што „не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на другите политички партии“.
„Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме да им правиме на другите тоа што не сакаме другите нам да ни го прават. И во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш кога станува збор за интересите на Македонија и на македонските граѓани, подавам рака. Така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нам не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии“, рече Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…
НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Иран испратил…
Иран лансирал нов бран беспилотни летала насочени…
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…
САД извршија напад врз иранска локација за…
Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…