Мицкоски: Немам дилема за предвремени избори, Парламентот е место каде може да се побара тоа
Немам дилема за предвремени избори. Парламентот е место каде што може да се побара тоа, ние сме секогаш подготвени за избори – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на новиот извештај на Светската банка – „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.
– Оваа Влада има мандат четири години и ние работиме за мандат од четири години. Доколку опозицијата вели дека, еве, не чинело ова, не чинело тоа, секој ден имаат прес-конференции, тоа значи дека, ако има утре предвремени избори, тие ја добиваат довербата на граѓаните, освојуваат 60 пратеника, ја водат владата и сите ќе не апсат. Еве, мене ќе ме апсат, Владата… сме биле организирана криминална група, ќе менувале сè, ќе носеле подобра економија – рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека доколку опозицијата е сигурна дека тоа што го прави Владата е лошо и граѓаните не го поддржуваат, слободно можат во Парламентот да покренат иницијатива за распуштање на Владата.
Во одговор на прашањето за барањето на опозицијата за зголемување на минималната плата, Мицкоски рече дека тој процес треба да се води во рамки на социјалниот дијалог меѓу работниците и работодавачите.
– Ова прашање што вие го поставувате е од опозицијата којашто ја уништи, ја ограби Македонија, опозиција којашто нема никаков кредибилитет – ниту јавен, ниту политички, опозиција којашто во моментот е заглавена во своето политичко мочуриште и опозиција којашто мислам дека уште долго време ќе се наоѓа на маргините на политичката сцена. Инаку, да, јас сум за зголемување на минималната плата, за зголемување на сите плати, но исто така тој процес треба да се води во рамките на социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите – одговори Мицкоски во изјава за медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Немам дилема за предвремени избори, Парламентот…
Немам дилема за предвремени избори. Парламентот е…
Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана…
По спроведена истрага на Oдделението за истраги…
Бизарна афера во Финска: Русија осомничена за…
Финска истражува серија мистериозни упади во домовите…
Радев: Нападот со дронови врз цивилни бродови…
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден…
ДАТА ЦЕНТРИТЕ И ПОБАРУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА ЌЕ…
Инвеститорите да обрнат внимание на бакарот, повика…