Мицкоски не знае дали ќе поскапи цената на струјата
Граѓаните би можеле да се соочат со ново поскапување на електричната енергија од речиси 5% од почетокот на следната година. Според информациите од тендерот на Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, државните електрани ЕСМ понудиле цена од 65 евра за мегават час за покривање на 100% од вкупно планираните количини на струја за домаќинствата и малите потрошувачи во 2026 година. Ова е зголемување од 4,84% во однос на актуелната цена од 62 евра по мегават час.
Од „ЕВН Хоум“ соопштија дека на тендерот пристигнала само една понуда – токму од ЕСМ. Тоа го зголемува ризикот за ново поскапување, бидејќи државните електрани се клучен фактор во формирањето на финалната цена на струјата за регулираниот пазар. До крајот на декември Регулаторната комисија за енергетика дополнително ќе одлучува за цените во преносот и дистрибуцијата, но засега се проценува дека таму нема да има значајни промени.
Колку точно побарала ЕСМ ќе стане јавно по целосното завршување на постапката — така било одлучено на затворена владина седница. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека, и покрај новите понуди, Владата ќе продолжи да ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата.
„Во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните. Пазарната цена на електричната енергија е околу 100 евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година“, изјави Мицкоски.
Додека институциите уверуваат дека удар врз стандардот нема да има, крајниот збор повторно ќе го има Регулаторната комисија – која ќе треба да одлучи дали понудената цена од ЕСМ ќе значи и нова, поскапа струја за граѓаните од јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…