Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ќе соопштат уште една голема и значајна вест за македонската економија.
– Нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот. Ова е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината. Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции, напиша Мицкоски.
Вели дека разликата постои и секој ден станува сè повидлива. Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…
Европската Унија ќе учествува со свои претставници…
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…