Мицкоски објави фотографија со Трамп: „Македонија и САД – сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“

t

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на која заедно со својата сопруга Рози е во друштво на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мицкоски објавата ја придружи со кратка порака во која го потенцира сојузништвото меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство. 🇲🇰🇺🇸“, напиша Мицкоски.

Фотографијата претставува уште една јавна порака од македонскиот премиер за значењето што неговата влада му го придава на партнерството со Вашингтон.

Македонија и САД се сојузници во НАТО, додека билатералните односи се потпираат и на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка потпишана во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…