Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува – во рекорден рок саниран проблемот во Гостивар
Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
-Целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана сега за сега од страна на обвинителството, доколку е потребно тие ќе лоцираат и нова одговорност. Од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции, ние обезбедивме веднаш вода за пиење. Благодарност до сите кои се приклучија на таа активност со своите донации. Екипи од Скопје, од Водовод, се во Гостивар, работат. Очекувам денеска-утре иако резултатите се веќе добри, да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше. Тоа што ние како Влада можеме да го направиме, го правиме, а мене ме чуди што опозицијата уште не излезе со критика кон општината и раководството кое го поддржуваше за време на локалните избори. Можеби ја пропуштија таа шанса, но знаете, на нашата политичка сцена има многу лешинари кои се обидуваат да добијат некој политички поен, а не сфаќаат дека им се враќа како бумеранг назад, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…