Мицкоски: ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА НА ГРУЕВСКИ Е ПОРАДИ ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК КОИ ГИ НАПРАВИЈА СДСМ И ДУИ
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ослободителната пресуда за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никол Груевски е поради измените на Кривичниот законик направени од СДСМ и ДУИ.
Измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за службените лица, што отвори пат за побрзо застарување на кривичните дела на функционерите, беа донесени на 6 септември 2023, за само два дена расправа во Собранието. Измените беа донесени во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ, со помош на ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници на 6 септември 2023 влегоа да направат кворум во салата.
Судијката Даниела Алексовска-Стојановска вчера изрече ослободителна пресуда во повтореното судење за предметот „Талир 2” за незаконската градба на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од она кое што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет од Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ. И како резултат на тие законски измени ние кажавме во минатото многу политички амнестии имаше, но многу политички амнестии ќе следат. За жал кога еднаш ќе направите грешка таа грешка потоа станува правило и ве следи“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увид на активностите за регулација на коритото на реката Сува Река во Општина Сарај.
Мицкоски рече дека претходната Влада ги измисли случаите Талир 1 и Талир 2 со кои беше конфискувана зградата на партиското седиште и вчера конечно судот донесе пресуда која што е пресуда во согласност на правдата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА НА ГРУЕВСКИ Е ПОРАДИ…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ослободителната пресуда…
Литванија: Русија планира напади врз членки на…
Литванскиот претседател Гитанас Науседа вчера изјави дека…
Нетанјаху ќе патува во САД, сака средба…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во…
(Видео) Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“
На денешното рочиште против 13 полициски службеници…
Хорор во Скопје: Сопружници убиле човек на…
Врз основа на повеќе наредби издадени од…