Мицкоски остави простор за промена на Уставот: Не знае дали новиот парламентарен состав ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Се потврдија наводите на високи претставници на Владата дека Мицкоски ветувал уставни измени на европските и светски дипломати доколку добие власт откако остави простор за внесување на бугарите во македонскиот Устав.
Во денешното гостување во “Само интервју” Мицкоски рече дека не знае дали ќе се случат уставните измени.
– Јас не знам дали ќе има уставни измени, но нема да се поместам ни милиметар ако планот што го предлагаме не се исполни, вели Мицкоски кој наместо јасно да одговори на прашањето дали во иден пратенички состав ќе има уставни измени почна да зборува за улици и канализација.
Според Мицкоски уставот треба да се менува откако ќе се одржат избори што би значело дека на народот му се остава простор да одбере која од двете најголеми македонски политички партии да го променат Уставот.
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска упати порака дека уставните измени се неопходен чекор кон почнување на процесот на преговори и влез на Македонија во ЕУ. Таа истакна дека ЕУ и Германија нема да ја остават Македонија сама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…
Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…