Мицкоски: Остануваме земја со најниски цени на горивата
Македонија продолжува да одржува убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во сите земји од регионот, а Владата е подготвена инстант да интервенира доколку се појават поголеми берзански осцилации кај нафтата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашања за царинските односи со Соединетите Американски Држави, тој појасни дека Македонија не е опфатена со новите дополнителни американски тарифи од 10 до 12.5 проценти кои се воведоа за 60 земји во светот, но нагласи дека трговијата се odviva според стандардни и рамноправни царински стапки идентично како и за соседните држави.
Како што посочуваат од Владата, по преговорите од изминатиот период првичните царини од 33 проценти од минатата година беа намалени на 15 проценти, по што следеа усогласувања согласно глобалните одлуки во САД.
Мицкоски ги увери граѓаните за цените на горивата и ги појасни трговските односи со Вашингтон:
„Ја следиме состојбата со нафтата. Ние остануваме земја која има убедливо најниски цени во регионот кога станува збор за бензините и дизел горивото. Граѓаните треба да бидат спокојни, доколку има потреба ќе реагираме промптно. Нафтата е берзански производ, ја купуваме од исто место како и другите, но нашата политика е да ја задржиме најниската цена на горивата во регионот и таа политика ќе продолжи.“
Во однос на извозните услови за македонските компании на американскиот пазар, премиерот ги изнесе следните податоци:
„Ние сме во групата на држави кои не добија дополнителни царини, но тоа не значи дека тргуваме со САД без царини. Да дадам хронологија: во април ’25 година се воведоа првите царински тарифи од 33%. Во август ’25 година, преку преговори на Министерството за надворешни работи, ги спуштивме на 15%. Потоа, во февруари ’26 година, Врховниот суд на САД ги укина, но се воведе трговски додаток од 10% кон сите земји во светот. Сегашната одлука на администрацијата на САД воведува различни тарифи (10-12.5%) за 60 држави. Ние не сме во таа група, но тоа не значи дека немаме стандардни царини. И Србија има царини кон САД, исто како и ние. Ние цениме дека како стратешки партнери со САД треба да се работиме како што заслужуваат стратешки партнери и ова е нормална политика која така треба да функционира.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Остануваме земја со најниски цени на…
Македонија продолжува да одржува убедливо најниски цени…
Син од пеколот: Насилно ја влечел мајка…
На 25.07.2026 во 20:30 часот во село…
Започна реконструкцијата на Македониумот во Крушево
Реконструкцијата на споменикот „Илинден“ во Крушево, познат…
Kлучката кај Момин Поток ќе биде завршена…
Градежните работи на клучката кај Момин Поток…
Еди Рама ги налути граѓаните на Албанија!…
Во документот од 39 страници, наречен БЕСА…