Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти до крајот на годината

t

Очекуваме годината да ја завршиме со раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу 3,5 и 4 проценти во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија.

​Одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Општина Гевгелија, Мицкоски истакна дека ​економската активност покажува еден тренд на консолидирање на државата, имајќи ја предвид состојбата пред три години.

-Во вториот квартал има исклучително силна економска активност во Македонија. Убедливо најголема во регионот. Сѐ уште не се познати податоците за Грција, Косово и Албанија, но споредено со сите држави во регионот, од Турција преку Бугарија, Романија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и така натаму, имаме убедливо најголем раст, и не само во вториот квартал, туку и во првото полугодие од годината – изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, овие резултати се постигнати во сложени глобални услови, додека светот се соочува со енергетска и економска криза, и Европската Унија бележи раст од 1,2%, а еврозоната од само 1%.

​- 2024 година ја завршивме со раст на бруто-домашниот производ од отприлика 3%, 2025 година 3,5%, оваа година во првата половина сме 3,7%, очекуваме годината да ја завршиме меѓу 3,5 и 4% во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, војната во Украина, но и сѐ поголемата економска криза во Европа и тоа мислам дека претставува навистина добар и позитивен резултат – изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Владата дава максимални напори за решавање на наследените проблеми и дека по 25-26 месеци напорна работа Македонија е значително подобро место за живеење.

-Ќе повторам, дали е сѐ решено? Не е решено. Дали ќе се решава? Ќе се решава. Важно е да не правиме нови проблеми. И верувам и убеден сум дека денес Македонија е многу подобро место за живеење од пред три години, дека идеално не е идеално, и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро место за живеење од тоа што е денес – изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

Мицкоски за растот на БДП од 4,3%:…

Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…

*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…