Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела
Гостиварци наскоро ќе добијат чиста вода за пиење, благодарение на интензивните активности на терен и поддршката од централната власт. Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека до крајот на оваа недела водоводниот систем ќе испорачува технички исправна вода, додека целосна безбедност за нејзино конзумирање се очекува кон крајот на следната седмица.
За време на настанот за пуштање во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, премиерот појасни дека во справувањето со овој сериозен проблем се мобилизирани експертски тимови и екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Доколку сè се одвива според предвидената динамика, до крајот на оваа недела ќе имаме технички исправна вода. Потоа ќе следува целосно плакнење на водоводниот систем, за да се обезбеди вода со соодветно ниво на хлор, најпрво за техничка употреба, а планот е кон крајот на следната недела да биде безбедна и за пиење“, истакна Мицкоски.
Иако нагласи дека локалната состојба во општината претставува дополнителен предизвик и дека локалното водоснабдување не е под директна надлежност на Владата, тој увери дека сите ресурси ќе бидат ставени во функција за граѓаните.
„Ќе направиме сè што е во наша моќ системот што побрзо да профункционира и повторно да биде ставен во целосна употреба“, порача премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во…
Гостиварци наскоро ќе добијат чиста вода за…
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој…
СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со…
Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец…
Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од…
Епидемијата во Гостивар има смирувачки тренд, од…
Продолжува да се намалува бројот на пациенти…