Мицкоски: Очекувам задвижување на македонската економија- компаниите и економските оператори ќе добијат европски најнизок кредит
Очекувам задвижување. Ова е една поголема, сеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница беше донесена оваа одлука, односно договорите кои што треба да значат сега административно поврзување и создавање партнерство помеѓу развојната банка и комерцијалните банки веќе е одобрен од страна на Владата и очекувам таа формалност деновиве да биде завршена и веќе ќе можат компаниите и економските оператори да аплицираат и да добијат европски најнизок кредит.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање- дали очекува раздвижување на македонската економија со мерката 250 милиони евра за домашните компании.
-Очекувам ова да помогне, да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра. Потоа проектите во општините кои што се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра, тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции кои очекувам да натфрлат една милијарда со што ќе бидеме по глава на жител и по поцент од БДП најдобри во регионот- повторно да се вратиме по тие патеки, додаде Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…
Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…
Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
Две лица со автомобил се обиделе да…
Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…