Мицкоски: Очекувам шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини од страна на опозицијата за време на изборната кампања
Првите избори што ќе ги спроведува новата влада ќе биле исполнети со шпекулации и конструкции од опозицијата. Така тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја објави коалицијата од 25 партии наречена „Твоја Македонија“.
Премиерот рече дека очекува кампања која ќе изболиувала со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини од страна на опозицијата“.
Коалицијата е составена од 25 партии од различен карактер, кои во „голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество“, рече Мицкоски пред партиското седиште во Скопје.
Според премиерот, претстојните локални избори се важни за иднината на државата, пред сѐ поради директната надлежност на локалните самоуправи во решавањето на проблемите на граѓаните и затоа не е сеедно каков градоначалник ќе изберат граѓаните.
Тој порача дека ќе се борат за чист воздух, управување со отпадот, користење на обновливи извори на енергија и заштита на природата. Но, и оти ќе ги втемелат зелените политики во секоја општина за здравје и поквалитетен живот на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини…
Првите избори што ќе ги спроведува новата…
Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај,…
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната…
Шукова: Да се формира стручен штаб за…
Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и…
СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го…
Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот…
Извршниот одбор на СДСМ утврди кандидати за…
Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови…