Мицкоски пак се пишмани: Ако има реципроцитет не треба да се затвори ниту клубот Цар Борис ниту Ванчо Михајлов – Иван е дел од историскиот континуитет на ВМРО-ДПМНЕ

t

Зборувајќи за измените на Законот за здруженија и фонадации претседателот на ВМРО-ДП НЕ Христијан Мицкоски во интервју за Република објаснува дека тие биле иницијатори за овие измени и треба веднаш да се тргне кон затворање на тие клубови бидејќи македонскиот клуб кој беше отворен во Бугарија, веднаш беа затворен.

-Затворањето на бугарските клубови не е од причина зашто некој бил или не бил соработник со некој режим. Тоа е поради политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој клуб каде што културно ќе се организираат или да имаат права кои се резултат на пресудите на Судот во Стразбур, јас не гледам ниту една причина зошто овие 1500 граѓани на Македонија кои се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија. Дали е тоа клуб Иван или Ванчо Михајлов или е Цар Борис Трети за мене во политичка смисла е сеедно. И двата треба да бидат затворени, а трет и не треба да се дозволи. Кога зборуваме за политички реципроцитет, тогаш не треба ниту еден клуб да биде оставен отворен бидејќи на нашинците во Бугарија не им е овозможено да имаат свој клуб.

Мицкоски го повтори ставот дека Ванчо Михајлов е дел од континуитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– На Кичевскиот конгрес во 1995 година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историското ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со Првиот конгрес во 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од Првиот конгрес во Ресен сè до осмиот во 1932 во Горна Џумаја па почнувајќи со првиот во Прилеп или деветиот во континуитет завршувајќи со седумнаесетитиот во Скопје. И да, дел од овие конгреси и претседател на ВМРО во историска смисла на зборот Иван Михајлов.И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник. Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал. Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла. Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…

Некој пукал во бик со воздушна пушка…

Жител на тетовското село Волковија пријавил во…

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…