Мицкоски подготвен за внесување на Бугарите во Устав: Оди во Брисел да побара одложено дејство

t

Премиерот Мицкоски на 19 септември во Брисел ќе го презентира владиниот предлог за откочување на процесот на евроинтеграција на Македонија. Мицкоски повика на прекин на билатерализацијата на евроинтегративниот процес, истакнувајќи дека Брисел треба да покаже политичка волја за решавање на предизвиците што ја засегаат Македонија.

Тој изјави дека проблемот не е во волјата на македонските граѓани или политичари за уставни измени, туку во подготвеноста на Европската Унија да ги реши овие прашања.

Со сегашната преговарачка рамка за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ е потребно да ги внесе Бугарите во уставот. Власта тоа не сака да го направи без јасен план и гаранции, истакнувајќи ја потребата за решавање на прашањата со македонскиот идентитет и пресудите од Стразбур.

– Имаме предлог за одложена примена на уставните амандмани, каде што ќе ги завршиме преговорите, а потоа ќе видиме што ќе правиме. Пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија мора да бидат дел од оваа дискусија. Ние сакаме јасни гаранции и решенија – нагласи Мицкоски.

Тој објасни дека предлогот за одложена примена е логичен, бидејќи прво треба да се завршат преговорите, а потоа да се решат прашањата како македонскиот идентитет и јазик, пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија, и други важни прашања.

– Нема да влеземе наивно во какви било процеси без јасен план и гаранција. Овие гаранции мора да бидат потврдени со конкретни постигнувања и јасна порака – додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…