Мицкоски понуди помош до БиХ за поплавите
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто при што изразил искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БИХ.
-Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи.
На состанокот во Дирекцијата за заштита и спасување во саботата, се разгледало барањето за помош и се донело одлука ДЗС да ги упати следните тимови во БиХ: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила).
Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта.
ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…