Мицкоски постави нови луѓе во партиските комисии: Тошковски, Ташаминов, Клековски и Махмут со нови функции
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата.
Како што посочи Мицкоски, во рамките на кадровските освежувања, Извршниот комитет донел одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и за генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле донесени одлуки и за избор на претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, за претседател на кадровата комисија Благоја Ташаминов, за претседател на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
Мицкоски информираше и дека за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина“, напиша Мицкоски во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишник од беровско ја натепал баба си…
Жена од беровско која е старател на…
Од утре пониски температури, локален пороен дожд,…
УХМР информира дека од утре дневната температура…
Се степале снаа и свекрва, едната завршила…
На 21.08.2026 година во 16:15 часот во…
Трамп: Ормуската Теснина e „американска територија“
Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече…
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…