Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

t

Собранието на денешната 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, за култура, Зоран Љутков, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор.

Разрешени се и замениците министри за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и за култура и туризам Седат Сулејмани.

„Од првиот ден, кога ја презедовме одговорноста, кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган, тоа беше принцип. Денес, покажуваме дека тој принцип важи педнакво за сите“, порача премиерот Христијан Мицкоски, образложувајќи го предлогот за разрешување на членови на Владата.

На местото на Филков за министер за правда треба да биде изберан Јетон Шасивари („Вреди“). Стоилковиќ (коалиција ВМРО-ДПМНЕ) ќе ја преземе министерската функција во Локалната самоуправа, Златко Перински директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што на чело е Сашо Клековски (ВМРО-ДПМНЕ), кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. За министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати („Вреди“). На местото на Цветан Трипуновски ќе дојде Борче Серафимовски (ЗНАМ), а на местото Шабан Салиу, министер без ресор, е предложен Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ).

Во тек е расправата за избор на нови членови на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Личната карта и возачката дозвола на мобилен…

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…

САМО 13 ЧАСА ПРЕД ТРАГИЧНИОТ КРАЈ БИЛЕ…

Две лица биле пронајдени мртви во стан…

Голема акција на МВР за сузбивање на…

Во текот на ноќта била реализирана акција…

Трамп: Иран нè нападна малку, ние возвративме…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…