Мицкоски презадоволен: Имаме најдобар економски резултат во регионот

t

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат една милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. Со тоа, како што наведува, Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.

– На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша!, пишува Мицкоски, кој денеска патува за Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…