Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
По неофцијалната комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за влез на партијата на Максим Димитриевски во владиниот кабиент на Мицкоски, од вчера и официјални преговори. Првичниот впечаток на двете страни е дека договор е можен и тоа брзо во нарендите неколку дена. Сепак, за ресори не било разговарано тврдат од ЗНАМ.
Состанокот се одржал синоќа во просториите на ЗНАМ. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле потпретседателите Мисајловски и Муцунски, додека пак, од ЗНАМ биле генералниот секретар Минчев, и потпретседателите Бендевска и Арсоски. Клучно на средбата било усогласување на програмите.
Влезот на ЗНАМ ќе значи 2/3 мнозинство во Собранието на идната владина коалиција доколку таа биде заокружена со најавените 61 ВМРО-ДПМНЕ, 14 од коалицијата Вреди како албански партнер и 6-мината на ЗНАМ.
80 народни избраници пак, се клучни за да се направи потребната реорганизација на министерствата што се најави и при разговорите со Коалицијата Вреди. Засега и од таму остануваат брифинзите дека се уште конечно не е договорено спикерското место во парламентот да припадне на албанскиот партнер. На него најверојатно ќе седне Гаши. Неговата Алтернатива треба да добие и министер за евроинтеграции. Крилото на Таравари се подготвува за вицепремиер за добро управување и министер за здравство. Меџити и Касами пак, веројатно ќе треба да направат распределба на вицепремиерско место и министри за економија, животна средина, социјална политика и односи меѓу заедниците
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…
Не е ни приближно бројката која ја…
Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…
„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…
Дел од корисниците во Пакистан може да…
АХВ: Досега заловивме 96 говеда во Крива…
Бидејќи државата се уште нема одговор како…