Мицкоски се повеќе наликува на Вучиќ: Ако го смениме Уставот, сигурен сум дека ќе добиеме „петка“
„Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК.
Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние сите го зборуваме“.
„И тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и затоа нон стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во Обвинителството итн. Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема, додека, пак, во сите други области има одреден мал напредок или значлителен напредок. Јас генерално можам да го оценам како добар, инаку не можам да се согласам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, итн од земјите во регионот, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…