Мицкоски: Се разговара за изградба на когенеративни гасни централи – Инвестиција проценета на над милијарда евра
Се разговара за изградба на когенеративни гасни централи со капацитет од 500MW, кои ќе произведуваат 4,1 TWh електрична и 720 GWh топлинска енергија годишно, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Денес остваривме значајнa средбa со раководството на „Казанчи Холдинг“, глобален енергетски гигант кој преку својот бренд „АКСА Енерџи“ е водечки инвеститор во одржлива енергија. Разговараме за изградба на когенеративни гасни централи со капацитет од 500MW, кои ќе произведуваат 4,1 TWh електрична и 720 GWh топлинска енергија годишно. Ова е единственото трајно решение за загадениот воздух, се друго е само ставање на проблемот под тепих.
Проектот вклучува и изградба на секундарна гасоводна и топловодна мрежа, со приклучоци за домаќинствата по цена од 0 денари, а природниот гас ќе биде значително поевтин од цените на берзите. Инвестицијата е проценета на над една милијарда евра и претставува клучен чекор кон зацврстување на нашата енергетска независност и сувереност.
Ова не е само проект за енергија, туку стратегија за иднината на Македонија, за поздрава животна средина, посилна економија и поголема стабилност. Разговорите продолжуваат и уверен сум дека наскоро ќе видиме конкретни чекори за реализација. Работиме за иднината на сите граѓани! – вели премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…